Пелистер пресилен за Овче Поле

Ракометарките на Пелистер триумфираа на гостувањето во Свети Николе кај составот на Овче Поле СУ со 38:26 во рамки на 6. коло од Женската лита.

Натпреварот беше израмнет сè до резултат 7:7, од тогаш девојките од Битола го подигнаа нивото на игра и одржуваа водство. По 30 минути игра Пелистер имаше предност од 19:13.

На почетокот на вториот дел Овче Поле се обиде да се врати во дуелот и намали на минус два, но тоа беше сè што можеше да направи домашната екипа. Со сигурна игра до крајот Пелистер ја оствари втората победа во шампионатот.

Најдобри во победничкиот состав со по десет гола беа Талевска и Стојанова, а Анчева беше прецизна деветпати. Во составот на Овче Поле СУ најмногу се истакна Елена Вучевска со осум гола.

ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ПЕЛИСТЕР 28:36 (13:19)

Сала: Цар Самоил во Свети Николе. Судии: Спаско Ќаев и Стојанчо Јовановски од Скопје. Делегат: Ерик Белимов од Скопје.

ОВЧЕ ПОЛЕ СУ: Мицевска, Јовановска 4, Стоилова 1, Вучевска 8, Манева 2, Костадинова, Ашкилова, Велковска 1, Костова 4, Димчева, Павловска 3, Гигова 5, Митева, Ташкова.

Седмерци: 5/6. Исклучувања: 8 мин.

ПЕЛИСТЕР: Талевска 10, Милосављевиќ 2, Белевска 2, Анчева 9, Стојанова 10, Соколеска, Богоевска, Јанкуловска, Босиловска 2, Наумовска, Кајчевска, Јанкуловска, Нечовска, Каковска, Огненова, Срезовска.

Седмерци: 2/2. Исклучувања: 8 мин.