Тимот на Пелистер утринава замина на долго и мачно патување со автобус до швајцарскиот град Винтертур, каде ќе го одигра првиот натпревар од второто квалификациско коло во Купот на ЕХФ.
Битолчани на овој дуел ќе бидат ослабени за двајца искусни ракометари, откако поради мали повреди дома останаа пивотменот Игор Трајковски и средниот бек Стефан Дрогришки.
Натпревар меѓу Винтертур и Пелистер се игра в недела со почеток од 17:00 часот, додека реваншот е во Битола на 12 октомври од 19:00 часот.