Тимот на Пелистер ги започна подготовките за новата сезона, во која главната цел ќе биде пласман во плеј-оф фазата.
Како што е познато, ново име во таборот на Пелистер е кадетската репрезентативка Дона Маркоска, која настапи на Европското првенство во Црна Гора, како и довчерашната членка на Деспина, Ангела Камческа.
Во битолскиот тим остануваат младинските репрезентативки Кристина Наумовска и Ана Марија Талева, како и Моника Босилковска, Наталија Дишковска, Сандра Корлевска, така што тренерот Адријано Котевски и во новата натпреварувачка сезона ќе има квалитетен тим за надигрување и уште еден пласман во плеј-оф натпреварувањето.
Наскоро треба да бидат промовирани неколку засилувања, со кои битолскиот тим би бил поконкурентен на домашна сцена.
Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!