Подмладениот состав на битолски Пелистер загуби убедливо на гостувањето кај швајцарски Винтертур so 39-16 и се наоѓа пред елиминација од ЕХФ Купот, иако треба да се игра и реванш.
Избраниците на Александар Зарков беа рамноправни само во првите пет минути, кога беше 2-2. Потоа Винтертур се одлепи на 13-2, а битолчани третиот гол го постигнаа по десет минути. До паузата домаќинот обезбеди плус 17, 22-5.
Во второто полувреме битолчани беа порамноправнi, но тоа не беше доволно за да се изборат за позитивен резултат од ова гостување.
Најдобри стрелци кај победничкиот тим беа Труновски со осум, Брам со шест и Радовановиќ со пет погодоци, додека кај пелистерци се истакнаа Дарио Петровски со шест реализации и искусниот Васко Димитровски со три.
Реваншот се игра следниот викенд, на 12 октомври од 19:00 часот, но со оглед на големата разлика, тој ќе биде само формалност.