Ракометарите на Еурофарм Пелистер играат добро и после 30 минути имаат негатива од еден гол и резултат од 15:16 против тимот на ГОГ Гудме кој на оваа средба влезе како фаворит.
Од почетокот на средбата ракометарите на Еурофарм Пелистер беа во предност. Први дојдоа до водство и највисоките плус три ги имаа при 5:2. Откако стигнаа до ваква предност во продолжение од натпреварот паднаа во ритамот и дозволија противникот да се врати во мечот.
При 6:3 се влезе во мала криза во нападот што резултираше со четири примени погодоци, а ниту еден постигнат. Негативата од еден гол, 6:7 остана во голем дел од продолжението. Гостите постојано беа во гол или два позитива, а домашните мораа да се трудат да стигнат.
Успеаја да израмнат на четири минути пред заминување на одмор на 13:13, но тоа требаше да се одбрани и во продолжение односно да се продолжи во ист стил. Се држеше приклучок и се израмнувапше, но на одмор тимот на ГОГ Гудме замина со еден гол позитива од 16:15.
Во првите 30 минути Мандалиниќ остана на клупата бидејќи има повреда, но неговите колеги добро ја вршат задачата во нападот и успешно го заменуваат.
После првото полувреме Мараш е најефикасен играч на Еурофарм Пелистер со пет гола, додека четири има Периќ, а два Костески. Во редовите на Гог Гудме прв стрелец со пет гола е Јакобсен.