Пелистерци ќе ја брусат формата во Добој и Охрид, се чека термин за Суперкупот со Вардар

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер денеска ги стартуваше подготовките за новата сезона во која ќе има многу предизвици.

Пелистерци ќе тренираат во Маврово од утре до 1 август, а потоа се враќаат во Битола каде ќе останат до заминувањето за Добој.

Таму ќе бидат дел од „ТВ турнирот на шампионите“ од 13 до 16 август, а потоа од 23 до 26 август ќе играат на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“ во Охрид.

Во меѓувреме предвидени се и два тест натпревари против Еурофарм Пелистер 2, а дополнително треба да биде потврден и терминот за Суперкуп дуелот против Вардар.

Добој (14-18 август)
Група А: Еурофарм Пелистер (Македонија), Слога Добој (БиХ), Монпелје (Франција), Ал Ахли (Египет)
Група Б: Барселона (Шпанија), Загреб (Хрватска), Целје Пивоварна Лашко (Словенија), Војводина (Србија)

Охрид (23-26 август)
Група А: Охрид (Македонија), Бешикташ (Турција), Голден Арт (Македонија), Олимпијакос (Грција)
Група Б: Еурофарм Пелистер (Македонија), Металопластика Шабац (Србија), Татран Прешов (Словачка), Бутел Скопје (Скопје)

Официјални натпревари:
Суперкуп на Македонија: Еурофарм Пелистер – Вардар (не е дефиниран термин)
Суперлига, 1 коло: Вардар – Еурофарм Пелистер (9/10 септември)
Лига на шампиони, 1 коло: Еурофарм Пелистер – Колштад (13/14 септември)