Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер моментално во Маврово го одработува последниот дел од базичните подготовки.
По Маврово следува период во кој ќе се играат контролни средби, а потоа се патува на турнир во БиХ.
Пелистерци во текот на подготвителниот период ќе тестираат и со српскиот вицепрвак Партизан, кој во трансфер периодот осетно се засили.
Еурофарм Пелистер против амбициозниот тим од Белград ќе ги проверува силите пред настапот на традиционалниот турнир во Добој.
Овој дуел е предвиден да се одигра на 11 август, додека по четири дена, односно на 15 август, избраниците на Александар Јовиќ ќе го одиграат првиот натпревар на традиционалниот турнир во Добој, а прв ривал на македонскиот шампион ќе биде Ал Ахли.
Освен на турирот во Добој, битолскиот тим ќе настапи и на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“ во Охрид.
Еурофарм Пелистер со полни батерии од Маврово (ФOTOГАЛЕРИЈА)