Пелистерци се наострија за Колстад (ФОТО)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го одработија официјалниот тренинг пред натпреварот против Колстад во рамките на првото коло на Лигата на шампионите.

Иако норвешкиот шампион е фаворит против пелистерци, избраниците на Александар Јовиќ со поддршка од своите навивачи ќе се обидат да направат изненадување и со победа да го стартуваат натпреварувањето во европската елита.

Шампионот на Норвешка денес пристигнаа во Битола и во овој момент го одработува првиот тренинг пред утрешниот меч со пелистерци.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Колстад ќе се игра во спортската сала „Боро Чурлевски“, со почеток од 18:45 часот.