Тимот на Еурофарм Пелистер утре го очекува првиот настап во новата сезона од регионалната СЕХА лига.
Битолчани гостуваат кај екипата на Војводина, која на стартот од регионалното натпреварување го совлада хрватскиот вицепрвак Нексе Нашице.
Избраниците на Ларс Валтер по пристигнувањето во Нови Сад го одработија првиот тренинг и се запознаа со салата каде што ќе се игра натпреварот.
Дуелот меѓу Војводина и Еурофарм Пелистер се игра утре во „Слана Бара“ со почеток во 18:00 часот.