Ракометарите на Еурофарм Пелистер на гостувањето во Прешов кај Татран триумфираа со 36:26 во реванш дуелот од четвртфиналето во регионалната сеха лига.
Пелистерци иако беа ослабени, допатуваа со само 12 ракометари, сепак, нема големи проблеми и уште во првото полувреме ја заверија победата.
Павле Атанасијевиќ на денешниот дуел имаше три реализации од четири обиди.
,,Дадовме сѐ од себе на овој дуел, и тоа беше причината поради која успеавме да победиме на уште еден натпревар против квалитетен тим како Татран Прешов”, изјави Атанасијевиќ.
Тренерот Александар Јовиќ како главен фактор за двете победи го истакна доброто издание на неговиот тим на претходните дуели во регионалното натпреварување и Супер лигата.
,,Нашите добри настапи ни помогнаа да стигнеме до две победи во четвртфиналето против Татран. Чувствувам дека навистина заслуживме место на Ф4 турнирот во СЕХА”, изјави Јовиќ.
СЕХА треба да потврди дали ќе има четвртфинален двобој на екипите од дивизијата „Исток“ со екипите од дивизија „Југ“.
По дивизии, ривал на Еурофарм Пелистер треба да биде Чеховски Медведи. Доколку се исклучи наведената опција, тогаш ќе има два Ф4 турнири во СЕХА.
Битолска рапсодија среде Прешов – Пелистерци вторпат го разнесоа Татран!