Пелистерци го избраа новиот капитен (ФОТО)

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер, кој во Маврово ја реализира првата фаза од подготовките, назначи нов капитен на тимот.

Откако од битолскиот клуб замина довчерашниот капитен Мирко Радовиќ, пелистерци за нов го избрааа македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски.

Кружниот напаѓач е меѓу најискусните во составот на Александар Јовиќ и во минатата сезона даде голем придонес Еурофарм Пелистер да се израдува на титула.

Негови заменици ќе бидат средниот бек Марио Танкоски и десното крило Ненад Костески.