Европската ракометна федерација ги потврди термините за последните четири средби од групната фаза во Лигата на Европа што ќе се играат во 2022 година.
Единствениот македонски претставник во ова натпреварување, Еурофарм Пелистер, досега одигра четири меча, а остануваат уште два до крајот на годинава со Спортинг Лисабон.
Во 2022 година ќе се одиграат средбите од 7 до 10 коло. Битолчани на 15 февруари гостуваат на Ним, додека за крај на групната фаза грчкиот АЕК ќе гостува во „Боро Чурлевски“.
Распоред на натпревари:
15.02.2022, 18:45, Ним – Еурофарм Пелистер
22.02.2022, 20:45, Еурофарм Пелистер – Кадетен Шафхаузен
01.03.2022, 18:45, Татабања – Еурофарм Пелистер
08.03.2022, 18:45, Еурофарм Пелистер – АЕК Атина