Пелагониското дерби со малку голови и со убедлива победа за Деспина

Ракометарките на Деспина беа поуспешни во пелагониското дерби од екипата на Пелистер со 26:17 во заостанатиот натпревар од 7. коло во Супер женската лига.

Првиот дел беше многу неефикасен, а Деспина отвори со 3:1. Гостинките од Битола својот прв погодок го постигнаа во 7. минута. Следуваше период на грешки на двете страни и удари од неизградени позиции кои голманките на двете екипи без проблем ги бранеа.

До крајот на првото полувреме Деспина успеа да ја задржи предноста која ја имаше во текот на сите 30 минути и на пауза замина со 9:6. Во второто полувреме домашната екипа доминираше уште повеќе и постојано ја зголемуваше предноста за конечна убедлива победа.

Најефикасна во победничкиот тим беше Ангела Камческа која го предводеше својот тим со осум гола, додека Михаела Петреска постигна четири гола за тимот на Деспина. Марија Јанкуловска беше единствена расположена за игра во Пелистер и натпреварот го заврши со осум погодоци.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ГРУПА А

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080