Ракометарите на Еурофарм Пелистер ги очекува густ распоред во сите натпреварувања каде што настапуваат избраниците на Жељко Бабиќ. Битолчани ќе се соочат и со три некогашни европски шампиони – Металопластика, Магдебург и Вардар.
Низата од натпреварите започнува денеска на гости кај српската Металопластика Шабац во рамките на регионалната СЕХА, а дуелот се игра од 17::00 часот.
Веќе в недела во спортската сала „Боро Чурлевски“, „фармацевтите“ ќе го пречекаат тимот на Бутел Скопје во суперлигашкиот плеј-оф, за само два дена подоцна да се соочат на истото место со бундеслигашот Магдебург во осминафиналето од Лигата на Европа.
На 26 или 27 март ќе се одигра големото дерби во Скопје, меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер од суперлигашкиот плеј-оф, додека на 30 март е реваншот со Магдебург во Германија од ЛЕ.
Згора на се, на 3 април битолчани ги чека дуел со Татран во Прешов од СЕХА лигата, а по враќањето од Словачка, ќе мора да ги одиграат двете средби од четвртфиналната група во Купот на Македонија