Капитенот и селектор на македонската репрезентација, Кире Лазаров, го очекува пеколна недела пред стартот на подготовките за Европското првенство.
Тој со францускиот Нант во период од осум дена, може да одигра дури четири меча и тоа со не било какви екипи, туку со Шамбери, Монпелје, Нант…
Денеска Нант ќе се соочи со Шамбери во првенството, додека на 14 декември следува големото дерби и мечот со ПСЖ.
На 18 и 19 декември е завршниот турнир од Лига Купот, а полуфинален ривал на Нант и Лазаров е Монпелје. Доколку успеат да слават, ќе играат во финалниот меч против победникот од дуелот меѓу ПСЖ и Шамбери.