Пеколна недела за вардарци – За седум дена ќе одиграат четири натпревари

Ракометарите на Вардар се наоѓаат пред напорна недела бидејќи после враќањето од Унгарија ги очекуваат седум дена во кои ќе имаат четири натпревари во три различни натпреварувања против три различни противници.

Според распоредот в недела во СЦ „Јане Сандански“ гостува Елверум во рамки на Лигата на шампионите, а веќе следниот ден доаѓа натпревар од Купот на Македонија. Против Елверум следува уште еден дуел следната среда исто така во СЦ „Јане Сандански“.

Единственото гостување е на 27 февруари, кога завршува тешкиот месец исполнет со многу натпревари. Вардар оди во Украина на двобој со Мотор Запорожје во СЕХА лигата.

РАСПОРЕД ЗА ВАРДАР ВО ПОСЛЕДНИТЕ ОСУМ ДЕНА ОД ФЕВРУАРИ

21 ФЕВРУАРИ (16:00ч)

ВАРДАР – ЕЛВЕРУМ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)

22 ФЕВРУАРИ (17:00ч)

ВАРДАР – ТЕКСТИЛЕЦ (КУП НА МАКЕДОНИЈА)

24 ФЕВРУАРИ (18:45ч)

ЕЛВЕРУМ – ВАРДАР (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)

27 ФЕВРУАРИ (20:15ч

МОТОР – ВАРДАР (СЕХА ЛИГА)