Македонија ги доби селекциите на Франција, Холандија и Романија за ривали на претстојното Европско првенство што ќе се игра во Скопје, Подгорица, Целје и Љубљана.
Нашата репрезентација веќе ги знае и термините за натпреварите што ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“.
Прв противник на избраничките на Љубомир Савевски ќе биде големата Франција на 5 ноември, додека два дена подоцна следува меч со Холандија.
Последниот натпревар на 9 ноември од прелиминарната група ќе биде со селекцијата на Романија. Терминот за старт на дуелите на Македонија најверојатно ќе биде 18:00 часот.
ЕП, жени, група Ц, распоред на натпревари:
5 ноември, Македонија – Франција
7 ноември, Македонија – Холандија
9 ноември, Македонија – Романија
Седлоска: Во Скопје сите се „луди“ за ракомет, ова ЕП ќе биде голем настан за нас!
Не можеше полошо: Македонија на ЕП против Холандија, Романија и Франција!