Пееја за Кометал, сега и за „црвено-црните“: Дац и Александар порачаа – Вардаре не те оставаме (ВИДЕО)

Откако со легендарната „Кометал Шампионе“, што заедно со Олгица Христовска ја испеа пред 18 години, беше прославена годишнината од титулата на Кометал Ѓорче Петров, Александар Митевски ги поздрави ракометните вљубеници со уште една карантинска песна, но овојпат за Вардар. Покрај Драган Спасов Дац, друштво му прават и најверните навивачи на „црвено-црниот“ тим. Тоа е преработката на големиот хит на Маријана и Росана - Признавам, а дел од навивачите го смислија новиот текст во комбе одејќи на натпревар минатата година. Погледнете...