Австрија ја победи Македонија со 32-28 и обезбеди место во главната фаза на Европското првенство, каде ќе пренесе два бода, без разлика дали друштво ќе и прави Чешка или Украина.
„Неверојатно, игравме три меча и имаме три победи и пренесуваме два бода. Неверојатен натпревар за нас. Одигравме одлични 5-1 против Лазаров, нашиот голман беше одличен на голот, одбраната ја заврши работата. Не беше лесно да се запрат македонските пикери, тешко е да се објасни она што го направивме на теренот. Му честитам на тимот и сега може да сонуваме малку“, изјави Пајовиќ.
Австрија ќе игра против Германија, Шпанија, Хрватска и Белорусија.