Поранешната репрезентативка на Унгарија, Симонета Планета се врати на терените откако во 2019 година заработи повреда на коленото и мораше долго да паузира. Нејзината пауза вкупно траеше 791 ден.
Натпреварот од шампионатот на Франција помеѓу екипите на Мец и Шамбре беше одбележан со враќањето на 27-годишната ракометарка.
Планета од 2017 година настапува во францускиот шампионат и моментално го носи дресот на Шамбре, но во последните две години не можеше да им помогне на своите колешки поради тешката повреда.
Унгарката во нејзината кариера беше дел и од Ѓер, Турингер, Веспрем, а од следната сезона повторно се враќа во својата татковина и ќе настапува за Дебрецен.
View this post on Instagram