Со натпреварот кој денеска ќе го одиграат екипите на Кил и Вардар продолжуваат натпреварите од Лигата на шампионите. Денеска се игра првиот дуел од 11. коло, а веќе в сабота и в недела ќе бидат одиграни и другите средби.
Како што е познато натпреварите во групите Ц и Д финишираа на крајот од есенскиот дел така што сега остануваат само уште по четири кола од групите А и Б пред да бидат познати двете екипи кои одат директно во четврт-финалето и другите кои ќе имаат елиминациски пресметки од осминафиналето.
Во секој случај следуваат интересни натпревари во текот на целиот февруари пред да бидат познати сите кои ќе продолжат со натпреварите.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ
ДВОЈКИ ЗА 11. КОЛО
ГРУПА А
САБОТА, 8 ФЕВРУАРИ
18:00ч
ПИК СЕГЕД – АЛБОРГ
ППД ЗАГРЕБ – ФЛЕНЗБУРГ
НЕДЕЛА, 9 ФЕВРУАРИ
17:00ч
ЦЕЛЈЕ – ПСЖ
19:00ч
ЕЛВЕРУМ – БАРСЕЛОНА
ТАБЕЛА: 1. Барселона 18 бода (356:278); 2. Пик Сегед 17 (297:251); 3. ПСЖ 16 (314:277); 4. Алборг 10 (302:311); 5. Флензбург 7 (265:274); 6. Целје 6 (251:302); 7. Елверум 3 (258:294); 8. ППД Загреб 3 (238:294).
ГРУПА Б
СРЕДА, 5 ФЕВРУАРИ
19:00ч
КИЛ – ВАРДАР
САБОТА, 8 ФЕВРУАРИ
16:00ч
ПОРТО – ВЕСПРЕМ
17:15ч
МОНПЕЛЈЕ – КЕЛЦЕ
НЕДЕЛА, 9 ФЕВРУАРИ
17:00ч
МОТОР ЗАПОРОЖЈЕ – МЕШКОВ БРЕСТ
ТАБЕЛА: 1. Кил 16 бода (314:282); 2. Веспрем 14 (333:288), 3. Келце 12 (302:283); 4. Монпелје 11 (277:274); 5. Порто 10 (286:295); 6. Вардар 9 (286:321); 7. Мотор Запорожје 4 (297:323); 8. Мешков Брест 4 (274:303).