Пивотот на Кил, Патрик Винчек донесе одлука да стави крај на репрезентативната кариера. Винчек дресот на германската репрезентација го носеше повеќе од 12 години.
33-годишниот ракометар самиот ја потврди неговата одлука изразувајќи задоволство што имал прилика да ги брани боите на Германија и да ја води репрезентацијата како капитен.
„Поминав одлични и возбудливи години кои беа крунисани со бронзениот медал во 2016 година. Посебна чест беше да се води репрезентацијата како капитен пред домашната публика. Одлуката да ја напуштам германската репрезентација за мене беше тешка, ми беше чест што имав прилика да го носам германскиот дрес“, изјави Винчек.
За германската репрезентација Винчек дебитираше во 2009 година додека селектор беше Хајнер Бранд. Од 2015 година и квалификациите за Европското првенство Винчек е и капитен на репрезентацијата. Заминувањето на Винчек од репрезентацијата го коментираше и селекторот Гисласон.
„Жал ми е што Винчек одлучи да ја заврши кариерата во репрезентација, но јас ја прифаќам неговата одлука и му посакувам се најдобро во иднина“, изјави Гисласон.
За германскиот национален тим Винчек одигра вкупно 159 меѓународни натпревари и постигна 319 голови.