На ЕХФ шампионатот кој од 7 до 15 август ќе се одржи во Клаипеда во Литванија, селекторот Љубомир Савевски одлучи да поведе 17 кадетки кои ќе имаат тешка задача во конкуренција на Шпанија, Литванија, Финска и Косово да се изборат за полуфинале.
Меѓу ракометарките кои ќе патуваат има и неколку девојки кои беа дел од ЕХФ шампионатот за младинки во Скопје, па тие веќе почувствуваа што значи да се биде дел од едно вакво натпреварување.
Ова искуство ќе им значи многу и ќе треба тоа да го пренесат и кај колешките.
Инаку, ракометарките заминуваат за Литванија утревечер, а одат без контролен натпревар бидејќи поради ситуацијата немаше можност да се обезбеди спаринг со некој друг состав.
Првиот натпревар на овој шампионат девојките ќе го имаат в недела, а противник е селекцијата на Косово.
СОСТАВ НА МАКЕДОНИЈА: Марија Јовановска (Куманово), Ема Кирова (Аеродром), Матеја Чурлиноска (Деспина), Адела Еленин (Деспина), Емилијана Ризоска (Феникс АМС), Јана Равојска (Вардар), Сара Богојеска (Деспина), Магдалена Тошевска (Вардар), Марија Јанкуловска (Пелистер 2012), Нена Несторовска (Металург), Бојана Коцева (Вардар), Борјана Коцева (Вардар), Теодора Дукоска (Стружанка), Ива Младеновска (Металург), Мила Пешиќ (Вардар), Александра Коловска (Вардар), Деника Спасевска (Делчево Вардар).