Тренерот на ПИК Сегед, Хуан Карлос Пастор во интервју за сајтот на клубот зборуваше како се подготвува екипата иако не контактираат физички. Неговиот клуб е противник на Вардар во Лигата на шампионите и засилено се подготвува за дуелите.
Според кажувањата на шпанскиот стручњак, тој се обидува да држи се под контрола иако ракометарите работат самостојно, формата да се одржи на високо ниво.
„Имаме група на социјалните мрежи – таму комуницираме за сè. Разговарав и со некои играчи на телефон, особено со оние кои се повредени. Она што најмногу ме интересира е токму нивната состојба, како се одвива закрепнувањето. Сите се подготвени за далечинска работа 24 часа на ден – играчите прават сé што бараме од нив. Тие се неверојатно професионални во оваа ситуација.
Во одност на нивните фанови Пастор им посака да останат пред се здрави во овие тешки моменти.
„Навистина се надевам дека сите ќе бидат здрави“. Бидете силни и упорни, тогаш сите лоши работи ќе исчезнат. Ние сме семејство! Ако сме обединети, ќе ја надминеме епидемијата и сè ќе се врати по старо, ќе можеме да живееме како порано. Ќе можеме повторно да играме ракомет и повторно да се гледаме на терените“, порача Пастор.