По Дисингер, Динамо Букурешт донесе и ракометар од Барса

Чави Пасквал по 12 сезони си заминува од каталонскиот гигант Барселона и во новата сезона ќе го предводи романскиот суперлигаш, Динамо Букурешт.

Новиот тренер на Динамо Букурешт со себе го носи и својот син, Алекс Пасквал. Младиот и талентиран ракометар од Барселона ќе се пресели во романскиот шампион, а заслугите за неговиот трансфер одат на конто на неговиот татко.

„Алекс сѐ уште не го потпишал договорот, но тоа ќе го стори наскоро. Договорот ќе биде на две или три сезони. Тој ја напушта Барселона со мене. Според сегашните околности, тој не може да остане во клубот, иако сè уште има важечки договор на две години”, изјави Чави Пасквал за Марка.

Со раководството на Динамо Букурешт, Чави Пасквал потпиша тригодишен договор. Реализирањето на трансферот на неговиот син се очекува да биде во следниот период. Кристијан Дисингер од Вардар и Седрик Сорендо од Барселона се официјалните засилувања во романскиот шампион.