Тимот на Барселона славеше над Кањас со 35-25 во последниот натпревар од оваа сезона во Асобал лигата.
Каталонците ја завршија сезоната со перфектен скор – 34 победи на 34 натпревари и не загубија ниеден бод.
Ракометарите ја добија титулата, а покрај раководството им се заблагодари и на оние што заминуваат.
Покрај тренерот Чави Пасквал и неговиот помошник Фернандо Барбието, заминува и спортскиот директор Давид Баруфет.
Капитенот Раул Ентрериос ја завршува кариерата, додека други клубови ќе имаат Јуре Доленец, Алекс Пасквал, Арон Палмарсон, Седрик Сорендо и Кевин Мелер.