Шпанската ракометна јавност денеска ја разбранува информацијата дека Чави Пасквал нема да го одработи договорот со каталонскиот гигант Барселона кој беше до крајот на следната сезона.
Тој ќе го заврши престојот во „Блауграна“ на крајот на оваа сезона, а рускиот реномиран портал „Брз Центар“ открива дека Пасквал е блиску до преземање на кормилото на романскиот шампион Динамо Букурешт. Таму ќе се пресели и членот на Барса, Седрик Сорендо. Пасквал ја одработува 12 сезона на клупата на Барса.
Романскиот „Про Спорт“, пишува дека тој е многу блиску и до камбек на клупата на машката репрезентација на Романија. Машкиот романски ракомет доживува лоши моменти по разочарувачките квалификации за ЕП, високите порази од Шведска и Црна Гора, како и поразот и ремито со Косово, па следува смена на селекторот Рареш Фортунеану.
Шпанскиот „Ле Спортиу Каталуња“, пак открива дека раководството на Барселона е во напредни преговори со Хуан Карлос Ортега, кој треба да седне на клупата во 2022 година кога ќе му заврши договорот со германскиот Хановер, каде што му е тренер на Филип Кузмановски. Тоа значи дека Барса ќе мора да најде краткорочно решение на клупата за сезоната 2021/22.