Голманката од Македонија, Бисера Паскал, која настапува во клубот од Шпанија, Тенерифе, во натпреварот против Морведре имаше забележителна партија.
Паскал успеа на противникот од вкупно седум пенали да му одбрани четири. Една од интервенциите на Паскал е номинирана во ТОП 5 одбрани на 20. коло во најквалитетното натпреварување во Шпанија.
Таа одбрани на шут на легендарната шпанска репрезентативка Александрина Барбоса, кој зимава се врати дома по авантурата во романската Глорија, а претходно играше за Олчим Валчеа, Брашов, ЧСМ Букурешт, Турингер…
За поранешната ракометарка на Куманово и Металург може да гласате на линкот во продолжение, со споделување на објавата.