Тимот на Аеродром го комплетира ростерот за претстојната сезона во која ќе има деби во суперлигашката конкуренција.
Играчкиот кадар на тренерот Дарко Петровски е надополнет со уште двајца нови ракометари – лево и десно крило.
Станува збор за десното крило Виктор Марковиќ, еден од најдобрите прволигашки стрелци, кој минатата сезона беше дел од Јехона.
Марковиќ потекнува од школата на Металург, играше во Металург 2, потоа беше дел и од Ангели Волково и Работнички.
Во Аеродром, кој во новата сезона ќе игра во СЦ „Јане Сандански“, дојде и левото крило од освојувачот на Прва лига, Александар Грујевски.
Претходно Аеродром се засили со шест ракометари – средниот бек Илија Мелоски, пикерот Кристијан Ангелковски, левите крила Филип Димевски и Никола Иванов, како и голманите Мартин Павличковски и Дино Трајчевски.