Парче паркет – причина за крај на кариерата на најефикасната хрватска репрезентативка

Поранешната репрезентативка на Хрватска, Клаудија Кликовац Бубало сè уште го држи рекордот по најмногу постигнати голови во репрезнтативниот дрес со вкупно 769 гола. Таа уште со 16 години беше дел од репрезентацијата.

Кликовац Бубало и после 15 години од крајот на нејзината кариера како активен играч е активна во ракометот. Таа е директорка во клубот каде што го помина најголемиот дел од својата кариера, Локомотива. Бубало на 13 годишна возраст започнала да игра ракомет во Локомотива што е многу подоцна од денешните почетоци на ракометарите, но со само 15 години таа била дел од првиот тим, а со 16 години дел од репрезентацијата на Југославија.

Успешната кариера на Кликовац Бубало заврши неочекувано на 34-годишна возраст откако доживеа тешка повреда на бутот, а потоа имаше уште неколку повреди кои дефинитивно ја одалечија од терените, како што се повреда на предните вкрстени лигаменти, менискусот и носот.

На натпревар од домашното првенство при пад после удар дел од паркетот се кренал и се забил во бутот на ракометарката. Освен што расекотината била 15 сантиметри дополнителен проблем било што парчињата од паркетот се растуриле во ногата. Оваа повреда Кликовац Бубало ја одалечи пет месеци од терените, а после неуспешното враќање следуваше крај на кариерата.

Во кариерата освен за Локомотива, Кликовац Бубало има настапувано и за француски Мец каде што поминала четири сезони. Од Мец таа се враќа во Бродосплит во Хрватска каде што ја заврши кариерата. За репрезентацијата на Хрватска има одиграно 166 натпревари и постигнато 769 гола, учинок со кој веќе 15 годни и е ненадминлива.