Ракометарите на Партизан по високиот триумф со 39-24 во првиот четвртфинален дуел со младинскиот тим на Веспрем, славеа уште еднаш.
Српскиот вицепрвак победи на гостински терен во Унгарија со 21-19, но за разлика од мечот во Белград, сега мораше добро да се испоти.
Домашните имаа предност на стартот со 5-3, но потоа гостите ја преземаа контролата, а на пауза водеа со 12-8. На пет минути до крајот Веспрем се доближи на минус еден, 19-18, па тренерот Кржељ мораше да бара тајм-аут.
Сепак Чекиќ зголеми на 20-18, истиот играч погоди на стартот на последната минута за 21-19 и веќе беше јасно дека Партизан ќе слави.
Партизан се пласираше во следната рунда на СЕХА лигата, заедно со Вардар и Еурофарм Пелистер, а дали тоа ќе биде „јужен“ Ф4 или уште една четвртфинална рунда со екипите од Русија и Белорусија останува да видиме.