Откако екипата на Преспа не отпатува за Гевгелија ниту во првиот ниту во вториот термин во 5. коло натпреварот беше одлучен на „зелената маса“, а Дисциплинците немаа причина за многу размислување туку требаше само да го спроведат на дело она што е запишано во правнилникот.
Натпреварот меѓу Партизан 2016 и Преспа е регистриран со резултат од 10:0, а тимот од Ресен останува и со бод помалку поради тоа што од неоправдани причини не беше на гостувањето.
Со оглед на тоа што Преспа продолжи да игра односно одигра натпревар во следното коло така што јасно е дека останува во лигата, па го загуби овој натпревар.
Сепак, со оглед на тоа што Преспа немаше бодови од досега одиграните средби, сега има минус бод и е на дното во Групата А.