Екипата на Партизан доби поддршка пред почетокот на СЕХА лигата, а на првиот натпревар против тимот на Еурофарм Пелистер клубот ќе настапи со двата нови спонзори на предната страна од дресот.
Станува збор за несекојдневни спонзори бидејќи на дресот се најдоа компании кои се во сопственост на навивачи на клубот.
Поточно едниот амблем е обележје на навивачката група „Гробари“ од Цирих, а другата е РМ Аутотранспорти од Виченца која е сопственост на навивач на Партизан.
„Ова е првпат некој клуб на својот дрес да има навивачи како спонзори. Овој пат сакаме да им изразиме благодарност за несебичната помош, љубов и поддршка која ни ја даваат“, вели претседателот на клубот.
Тимот на Партизан в понеделник го пречекува составот на Еурофарм Пелистер во рамки на Групата А од СЕХА лигата. Во оваа група се наоѓаат и екипите на ППД Загреб и Татран Прешов.