Партизан блиску до камбек во СЕХА лигата

Ракометарите на Партизан забележаа победа во најважниот натпревар во дoсегашниот дел од плеј-офот на Србија на кој го совладаа директниот кандидат за втората позиција Металопластика 32:24.

Црно-белите го одиграа најдобриот натпревар кога беше најпотребно и целосно го надиграа противничкиот тим. Важноста на дуелот и шансата за српскиот вицепрвак да игра во СЕХА ги мотивираше максимално играчите на Партизан да слават убедливо.

Уште по првиот дел ја најавија победата кога имаа водство од 15:11. Доминацијата продолжи и во вториот дел кога само ја потврдија победата. Во колото каде што четирити најдобри екипи играа меѓусебе Војводина го совлада Железничар со 36:27.

На табелата Војводина има убедлива предност со 18 бодови и сигурно чекори кон нова шампионска титула во Србија. На втората позиција сега е Партизан со 13 бода, еден повеќе од Металопластика, додека Железничар е на четвртото место со 10 бода.