Екипата на Штутгарт каде што настапува Жарко Пешевски беше поразена во 11. коло од Бундес лигата на гостувањето кај Мелсунген откако одигра слабо второ полувреме со 23:29.
Мелсунген силно го отвори мечот и поведе со 4:0, но во продолжение Пешевски и соиграчите полека ја топеа негативата и во 22. минута стигнаа до првото водство од 10:9. До крај на првиот дел Штутгарт ја сочува предноста, а на одмор замина со 15:13.
Во продолжението Мелсунген целосно доминираше на теренот, а после десетина минути игра го презема водството и без проблеми го чуваше до крајот. Штутгарт имаше многу проблеми со реализацијата, постигна само осум гола во вториот дел и забележа пораз.
Жарко Пешевски имаше солиден настап за својот тим и постигна три погодоци од пет обиди. Ова беше осми пораз на Штутгарт во сезоната и со само две победи останува на 16. место веднаш до зоната на испаѓање.