Бразилскиот репрезентативец Рожерио Мораеш Фереира, кој последната сезона ја мина во португалската Бенфика, од денеска е нов ракометар на бундеслигашот Мелсунген.
Покрај Мораеш, во тимот предводен од екс вардаровиот стратег Роберто Парондо, би требало да дојдат и двајца Шпанци – Баленсиага и Касадо, но вториот во 2023 оди во Веспрем.
Во составот на Мелсунген во моментов игра и рускиот пивот Глеб Калараш, кој по заминувањето од Вардар, кратко време беше член на Балинген, пред да се пресели во тимот на Парондо.
За Бразилецот ова ќе биде враќање во Бундес лигата, каде ги носеше дресовите на Кил и Алтенхолц, пред да настапува за Вардар и Веспрем, со кој играше и во Лигата на шампионите.