Поранешниот тренер на Вардар, Роберто Парондо ги демантираше шпекулациите дека ја напуштил селекторската функција на египетската репрезентација.
Искусниот тренер од Шпанија за египетските медиуми потврди дека останува селектор на репрезентацијата на Египет.
Тоа значи дека Парондо ќе го предводи шампионот на Африка на Светското првенство во 2023, кое ќе се одржува во Полска и Шведска.
Парондо на чело на репрезентацијата на Египет дојде во 2019 година и заедно со своите избраници на Светското првенство 2021, на кој Египет беше домаќин, завршија на 7. позиција.
Египет пред една недела го освои африканското првенство, откако во финалето славеше против Зеленортските Острови, репрезентација која е предводена од уште еден екс тренер на Вардар, Љубомир Обрадовиќ.