Египет славеше убедливо над Македонија со 38-19 и со втората победа во групната фаза, веќе може да ги планира натпреварите од главната рунда.
Селекторот Роберто Гарсија Парондо во изјава по натпреварот, кажа дека е среќен поради високиот триумф.
„Многу сум среќен што ја победивме убедливо Македонија. Сите моите играчи го исполнија тоа што го барав од нив и ние веќе почнавме да се подготвуваме за тешкиот натпревар против Шведска“, изјави Парондо.
Во третото коло од оваа група Г, Македонија утре ќе се соочи со Чиле, додека Египет и Шведска ќе се борат за првото место во групата.