Парондо и Мелсунген најдоа замена за Касадо

Според германските медиуми, средниот бек од Шпанија, Ерик Баленсиага кариерата ќе ја продолжи во бундеслигашот Мелсунген, кој е предводен од екс тренерот на Вардар, Роберто Парондо.

Баленсиага, моментално, го носи дресот на Тулуз и во екипата на Парондо ќе биде замена за неговиот сонародник Аугустин Касадо, кој во следната сезона ќе направи трансфер во унгарскиот вицепрвак Веспрем.

Искусниот ракометар во Тулуз настапува од 2021 година, а во својата кариера беше дел и од Логроњо, Хелветиа Анаитасуна, Теурко и Зараулц.

На средната бековска позиција во Мелсунген освен Касадо, настапуваат и Домагој Павловиќ, Елвар Јонсон и Аиденас Малашинскас.