Од 13 до 22 јануари во Мароко ќе се одржи новото 254. издание на Купот на Африка на кој ќе има 12 селекции што ќе се борат за новиот трофеј.
Египет ќе ја брани круната освоена пред две години, а во првиот круг ќе игра против Конго, Габон и Камерун.
Главниот конкурент, Тунис е носител на Групата 3 каде што се најдоа и селекциите на Зеленортските острови, Сенегал и Гвинеја.
Мароко, кој е домаќин на натпреварувањето за ривали ги има Ангола, Кенија и Нигерија.
Јасно е дека Египет и Тунис се фаворити, а борбата во првиот круг е за осум места. Понатаму одат првите две од сите групи и двете најдобри третопласирани така што ќе биде доста интересно.
Роберто Парондо ќе има голем предизвик со своите момци, но ќе биде дефинитивно голем фаворит за триумф.