Поранешниот тренер на Вардар и помошник на Раул Гонзалес во репрезентацијата на Македонија, Роберто Парондо ги посети ракометарите кои се дел од националниот тим на контролните средби против Кувајт во Србија.
Тој заедно со селекцијата на Египет е во Србија каде што се подготвува и ќе има контролни средби, па го искористи моментот да се види со своите пријатели. Воедно коментираше и за петицијата која се прави за негово враќање во Вардар.
„Секако дека ми годи кога слушам дека има петиција. Ова значи многу за мене и е знак дека она што сме го работеле не е заборавено. Сепак, има едно но… и тука би застанал со својот коментар“, вели Парондо.
Со оглед на тоа што со Египет има една година многу работа бидејќи во јануари во 2021 година оваа земја е домаќин на следниот Мундијал тешко дека ќе може оваа петиција и да се реализира.