Парондо: Во Вардар моја работа беше да создадам тимска игра, така ќе биде и во Мелсунген

Роберто Гарсија Парондо дебитираше со пораз на клупата на Мелсунген во Бундес лигата, откако неговиот тим загуби на домашен терен од Магдебург.

Новиот предизвик за Парондо не почна според желбите, но некогашниот стратег на Вардар, веќе го лоцираше проблемот што го има силниот и скапиот тим на Мелсунген, а тоа е индивидуалната игра.

„Имавме малку време да тренираме заедно, па тешко да се подготвиш за вакви средби. Тимот ми е многу поважен од било кој индивидуалец. Во Вардар, мојата работа беше исто така да создадам тимска игра, така ќе биде и во Мелсунген“, вели Парондо за „Скај Спорт“.

Првата шанса за триумф во Бундес лигата, Парондо ќе ја има на гостувањето кај Хановер на Филип Кузмановски.