Управниот одбор на ракометната федерација на Романија со големо мнозинство го одобри планот за довршување на сезоната 2019/20 која ќе продолжи на 31 мај. Одлуката на состанокот кој беше одржан онлајн и учествуваа 14 од 17 членови на одборот предизвика реакции кај некои клубови.
Како што пишува „ProSport“, главна причина за одлуката да продолжи натпреварувањето се парите од ТВ правата. ТВР го стопираше договорот со романската федерација кога сезоната беше прекината. До тој момент телевизијата ќе треба да исплати 200 илјади евра од 400 илјади за ТВ правата.
Договорот беше суспендиран, но не и раскинат. Доколку националното првенство продолжи договорот продолжува, а средствата што ќе ги добие федерацијата се од голема важност. Од сумата што ја добива ракометната федерација 27-те екипи не добиваат повеќе од половината од тој износ.
Во женска конкуренција 11 од 13 екипи беа против тоа првенството да продолжи, а исто така и голем дел од тимовите во машка конкуренција беа против со мислење дека сезоната треба да биде завршена како во најголемиот дел првенства низ Европа. Сепак како што стојат работите клубовите во Романија ќе мораат да продолжат со натпревари на 31 мај.