Откако обезбеди спонзор и финансии за следните сезони, раководството на полскиот шампион Келце се „фрли“ на работа со играчкиот кадар.
Беше продолжен договорот со Кшиштоф Лијевски до 2024 година, потоа со новиот ракометар од Исланд, Хаукар Трастарсон до 2025 година, како и со десното крило Аркадиуш Морито до 2024 година.
Најновото продолжување на соработка е со белорускиот репрезентативен пикер Артем Каралек, за кого имаше интерес од Барселона.
Каралек имаше договор до крајот на сезоната 2021/22, но сега го продолжи за уште три и ќе остане во Келце до сезоната 2024/25.
Тој во Полска дојде од францускиот Сен Рафаел во 2018 година и веќе освои две двојни круни во домашните конкуренции, а еднаш играше и на завршниот турнир во Лигата на шампионите.