Тимот на ПАОК од Солун, каде што брани македонскиот голман Виктор Гигов, приреди мала сензација во шампионатот на јужниот сосед на Македонија.
ПАОК на домашен терен славеше против фаворизираниот тим на Олимпијакос со 21-20, во драматичен натпревар кој беше решен во финишот.
На гостите не им помогнаа ниту интернационалците Оливие Њокас, Роберт Вебер, Елмир Граџан, Томас Бауер…
Покрај поразот Олимпијакос останува лидер со 32 бода од 18 меча, следуваат АЕК Атина со 31 и ПАОК со 29 бода, но со одиграни 17 натпревари, па битката за титулата ќе биде крајно неизвесна.