Првата ѕвезда во репрезентацијата на Исланд, Арон Палмарсон го заврши делот од својата кариера во редовите на Барселона со титула во Келн, а следното поглавје ќе го има во редовите на Алборг, тим против кој беше обезбедена титулата.
Иако си заминува, вели дека тоа не го прави по своја волја.
„Зошто ја напуштам Барселона? Ова не е моја одлука. некои луѓе во клубот одлучија така. Дали би сакал да останам. Да! Пред една година би рекол секако да. Сепак, пред три месеци се разви тешка ситуација. Мора да ги прашате другите луѓе во клубот зошто не останав во него“, коментираше Арон Палмарсон.
Тој беше еден од играчите со најголемо искуство и секако ракометар кој би имал што да покаже и во иднина. Меѓутоа во новата сезона ќе биде лидер на финалистот од Лигата на шампионите.