Иако сите очекуваа(т) дека Љубомир Врањеш ќе биде првата селекторска жртва на Европското првенство, откако Словенија не обезбеди втор круг, сепак тоа не се случи.
Приматот го има селекторот на Литванија, Миндаугас Андрушка, по мечот со Норвешка, им соопштил на играчите и за одлуката.
Литванија вторпат во историјата обезбеди место на континеталниот собир, но се падна во групата со Норвешка, Русија и Словачка.
Сепак без првата ѕвезда Јонас Трухановичииус, Литванците не можеа да направат нешто повеќе, отколку да се забележат три порази, иако во поголем дел од натпреварите беа конкуренти.
До баражот за СП 2023, кој ќе се игра во март, има кратко време, па литваннската федерација ќе мора да најде ново селекторско решение.