Ракометниот Суд на Европската федерација денеска објави одлука за суспензија на босански репрезентативец.
Левото крило Ален Овчина, кое падна на допинг тест минатата година, доби суспензија на четири години.
Таа почнува да важи од 21 декември 2022 година, односно од добивањето на резултатите од вториот примерок.
Овчина беше позитивен на забранетата супстанца – норандростерон, по мечот меѓу Босна и Херцеговина и Словенија од квалификациите за пласман на ЕП 2024 година што се одигра на 13 октомври 2022 година.
Босанскиот репрезентативец има 34 години, играше за Слобода Тузла, Босна Сараево, Грачаница, катарскиот Ал Шамал, турската Анталија и српскиот тим Војводина.