Паднаа 73 гола – Банцалиски даде 17 за гевгеличани, за Кичево дебитираше 15-годишник!

Екипата на Кичево оствари победа на домашен терен во 14. коло од плеј-аутот во Првата лига откако славеше убедлива победа од 43:30 против составот на Партизан од Гевгелија.

Најефикасен со десет гола во тимот на Кичево беше Владимир Новески со десет гола, додека 15-годишниот Андреј Кочески, кој дебитираше во Првата лига, постигна осум. Во тимот на Партизан уште еднаш убедливо најефикасен беше Ѓорге Банцалиски со 17 гола, но не беше доволно да избегне пораз неговиот тим.

Долго во првиот дел се играше израмнето најчесто со минимално водство на домашниот тим. Во завршните минути од првото полувреме Кичево успеа да обезбеди позначајна предност со која замина на одмор од 22:17.

Во продолжение Партизан немаше сили за поголем отпор и постојано заостануваше сè повеќе. Гостите настапија со девет ракометари, а заработија и два црвени картони па натпреварот го доиграа со една постава и на крај доживеаја висок пораз.