Павлов на ниво, Ферлах со нова победа!

Македонскиот интернационалец Хари Павлов, кој на почетокот на оваа сезона направи камбек во Австрија, продолжува со одличните партии во дресот на Ферлах.

Во натпревар од 15. коло од австрискиот шампионат, тимот на Павлов славеше важна победа против екипата на Фуксе, со три гола разлика, 24:21 (10:11).

Македонскиот десен бек беше меѓу најефикасните во составот на Ферлах со четири гола од шест обиди.

Ферлах го предводи некогашниот македонски репрезентативец Ристо Арнаудовски, а по 15. кола во Австрија, се наоѓа на петтото место со 20 бода, што води во плеј-офот фазата.

Тимот на Ферках во досегашниот тек од сезоната забележа 10 победи и пет порази и има голема шанса да направи исчекор на табелата, односно да се пласира меѓу најдобрите три екипи.